header image
 

Министер Миле Јанакиевски

 

                                        minister_mj.jpg

Министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски, гостин во среда, 19 септември 2007, …муабет…за се

~ by jadiburek on септември 13, 2007.

82 Responses to “Министер Миле Јанакиевски”

  1. не го прашувај ништо! он се ке си каже

  2. Прашај го зошто не ги укина концесиските договори со телеком кој ги потпиша Груевски пред 7-8 години.

  3. Јанко,
    Те молам прашај го министерот за нешто што засега преку 500 семејства во РМ а тоа е приватизацијата (или трансформацијата) на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ (поранешен ПУИГ Скопје) и дали се планира и колку вработени да бидат избркани од работа.

    Те молам прашај го „министеро“ кога се планира да почне со градба северната трибина на Градски стадион во Скопје и со кои пари. Колку што знам потребни се околу 13 милиони ЕУР.
    Во врска со ова, дали објектот зад стадионот (оној монструм од зграда) ќе пречи на изградбата бидејќи, според мене, е премногу блиску до трибината.

  4. Јанко, ептен е индикативно дека им го пушиш на вмровциве.
    Секоја втора недела, по некој вмровец.
    Освен Еско, кој беше викнат поради тоа што труеше против сдс.
    Зошто е сега викнат Миле? за да ја објаснува необјаснивата криминална продажба на земјиштете крај рамстор?

  5. не туку да одговри на она што го ветив пред година дена, да даде отчет што направил за година дена, а ако имаш конструктивна критика, ќе направам се да му ја пренесам јавно. Инаку сдс милуваат најмногу да одфат на к5 во икс нула затоа што таму нема пораки и јавувања од народот, сеа ти да се подразмислиш малку кому ти вршиш фелацио со твојот агитпроп

  6. Комплименти за работењто на министерот!
    Се покажа како еден од најхрабрите во справување со многу проблеми!
    Последно нешто што го испоштував е потсетувањето до новиот мобилен оператор дека ке си имаат проблеми со законот ако не се држат до тоа што го ветиле!

    Имам многу прашања и предлози така да постепено се надевам ке искажам се што мислам иако има време до 19-ти.

    1. Кога ке се среди аеродромот да го зличи како што треба? Како секој модерен град, мислам дека и ние заслужуваме модерен и луксузен аеродром бидејки со тоа оставаме добар впечаток кај лугето што ја посетуваат нашата земја.

    2. До каде е изградбата на заобиколниот пат околу Скопје?

    3. Дале ке доживееме модерна железница која би ја користеле како замена за автомобилот?

    4. Кога ке се тргнат распаднатите автобуси кои не трујат низ улиците а се стари скоро 50 години? Превземете поготово околу ова нешто ве молам се угушивме!

    толку сега за сега

  7. Комплименти и од мене до министерот :-)
    Имам неколку прашања:

    1. По која цена е продадено земјиштето позади Рамстор кое е НАМЕНЕТО за изградба на хотел? Која фирма го доби, кога е основана и кој стои позади неа?

    2. Уште колку месеци ќе се руши т.н. кинески ѕид? Некои луѓе велат дека по „рушењето“ на овој објект, тој е уште повисок! Дали уште му се закануваат за таа работа?

    3. Што стана со парите што тој ги префрлал на маркетинг и ПР агенција додека беше директор на ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје?

    4. Што се случува со распределбата и изградбата на социјалните станови? Сведоци сме на огромни незадоволства?

    5. Зборуваат за странски инвестиции и тој и премиерот. Што станува со ЛУКОИЛ? Како воопшто да не се спроведува овој договор за изградба на 40 бензиски пумпи. Дури и директорот на оваа фирма во Македонија се пожали за ова во едно свое интервју за „Неделно време“.

    Толку и од мене сега за сега и поздрав до тебе Јанко

  8. Прашај го г-динот министер до кога ќе ги кршиме колите по локални, регионални и магистрални џадиња, мислам под него дека се македонија-пат кои убави пари ни земаат ама не ги одржуваат патиштата воопшто!

  9. Во денешен дневник http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=89E5309865519E47B57D0C4504231A33
    читаме дека сета оваа афера за хотелот зад Рамстор произлегла од агенцијата МИА? Боцевски вели дека МИА погрешно разбрала?! И сите ли други погрешно разбрале дека премиерот никогаш не го спомнал името на Резидор хотел.
    Министре, МИА ли е крива за аферата?

    И уште нешто.Многу сум задоволна од работата на министерот и целата влада. Сепак ми пречи толкава поделеност на народот меѓу СДСМ и ВМРО.

    Дали Владата ќе почне да работи на национално помирување?

  10. . Имам многу интересен предлог кој сметам дека е од многу битен и значаен, како економски така и национален карактер.

    Наместо да бидеме постојано робови и да се притесуваме на секоја одлука од страна на Грците и Србите дали било тоа од бизнис интереси или пак од битни национални прашања, од кои Македонските граѓани имаат проблеми со остварувањето на правото на слобода на движење, говорење, работење од минатото па се до денес (доказ Букурешкиот договор, тајниот протокол помегу Грција и Србија за делење на Македонија,…)….

    Наместо да се плашиме дали ке ни стават вето за да неможеме да мрднеме надвор од земјата, предлагам едно идеално решение по мене.
    ДА се направи нов пат до Албанија!!
    Од Тетово низ Шар Планина да се направи голем тунел со што имаш излез на море за 200 км.
    Се разбира ова мора да го работат заедно двете земји но сметам дека би било од големо знечење за нас. за 200 км си на Јадранско море.
    Што мислиш?
    Ке ти пратам некои мапи на маил.

    Ова е предлог од млад човек кој повеќе го преферира Јадранското море од Грчкото, конкретно Хрватска ревиера! :)
    поздрав

  11. Што ќе каже на фактот дека во сите градови каде што се доделуваа станови за лица со мали примања, имаше протести и негодувањљ? Јас не сум ни за ВМРО ни сум за СДСМ, само сум загрижен граѓанин кој гледа дека и новата влада ја практицира власта на ист начин како претходната.

  12. Зошто Владата и мин.за Сообраќај,се спротивставија на советот од мрежните оператори за намалување на ДДВ-то за мрежните услуги (Интернетот)?Дали таквата одлука ќе отвори “дупка” во буџетот, која после е незакрплива или што?(Воопшто нејќам ни да помислам од кои побуди СДС-пајташите се втурнаа да се залагаат кон една ваква одлука).
    Најдобронамерна критика до Министерот. На медиумски пресови да не излегува со, напамет научени текстчиња,кои ќе ги изрецитира ко некое основче,туку да биде решителен во говорништвото.Ова колку да се заштити од зафрканции и вицови на негова сметка, плус да го задржи угледот на владата.
    Нека Министерот биде подробен.

  13. Незнам дали е Министерот надлежен за ова прашање но бидејки е Министер за Транспорт и ВРСКИ мислам дека може да одговори.

    тој дечкото од АПЕМ или како и да се викаше, вети дека од септември нама да има повеќе РЕКЛАМИ пред вестите и за време на филмови, има толку многу реклами што ке заборавиш што си гледал!
    Рука на срце за Скај Нет и Телма! Канал5, А1, Сител ги кршат правилата кои дозволуваат само еден блок реклами за 1 саат!!!

    Дали има министерот ингеренции а ако нема кој има, за да спроведе ред за по квалитетна програма во медиумите бидејки се срамота да се наречат медиуми!
    Ете го одговорот мегу другото зашто народот несака да плаќа радиодифузна такса!

    ПОмалку шпански серии и транс фолк по ТВ!!! Повеке добри документарци, концерти, НОВИ филмови..!
    Пред неколку месеци гледав некои каскадерски награди и се исплашив колку остарел Burt Reynolds познат како Бандитот од филмот Smokey and the Bandit што традиционално го гледаме барем еднаш месечно на Сител!

    Кај нас холивудските филмските легенди остануваат вечно млади…

  14. Ми текна уште нешто :)

    Кога ке распишат тендер за изградба на прав забавен парк во Скопје на местото на стариот?
    Со мнгу содржини, ролеркостери,… како секоја метропола!!
    Можат да го искористат целиот парк за тоа :)
    Таков интересен парк е Port Aventura na Universal во Шпанија :)

    паркот е феномален!

    Поделен е по области, China, Far West, Aztec Mexico, Polynesia, …
    фантазии луге мои!!!
    Ах колку би сакал да одам пак…

    но не би морал…

    ако владата се смилува и нафати на ваков проект бидејки на сите ни треба еден ден во неделата да се издуваме негде од сите нервози, стресови, проблеми,…
    место каде ке поминеме повеке време со пријателите, фамилијата, саканите…

    Па, што мислите? :)

    Поздрав

  15. писмо од Кичево

    Pocituvan Janko Ilkovski, imas golem pozdrav od grupa na gledaci od
    Kicevo. Emisijata vo Kicevo e mnogu gledana i sakame da postavime
    prasanje do ministerot Janakievski: Koga ke zapocnat so borba protiv
    “divite” radiodifuzeri koi vo Kicevo gi ima povece od legalnite.
    Veruvajte, navistina e toa nelojalna i stetna konkurencija i za
    legalnite radiodifuzeri, no i za drzavata. (Kolku za informacija:
    legalni vo Kicevo se: Tv Boem – makedonski jazik, Tv Gura – albanski
    jazik, Tv Uskana – albanski jazik i Radio Aleksandar Makedonski -
    makedonski jazik). Site ostanati na celo so Radio Kale i famozniot
    gospodin SECERKO se nelojalni stetnici na ovaa drzava. JANKO pozdrav od
    KICEVO i te gledame vo sreda!

  16. писмо од капиштец

    Жителите на скопската населба Капиштец, на 18 септември 2007 година ја блокираа улицата „Васил Ѓоргов“ во знак на протест против изградбата на катната гаража со деловен објект спроти „Жито Лукс“ , зад кој стои АНТЕРА-ДООЕЛ, фирма ќерка на „Тинекс“, која на почетокот на месецов ја почна изградбата на петкатната гаража со деловен простор.
    Навестувајки дека протестите ке продолжат и дека ке бидат искористени сите правни и други лекови против изградбата на новиот кинески зид, го прашувам почитуваниуот министер Јанакиевски како е можно одобрение за градење да биде издадено во јули 2007 година (согласно ДУП Капиштец усвоен со Одлука на Совет на општина Центар???), кога парцелата е купена од страна на сопственикот на Тинекс уште во 2003, а маркица за градба е издадена уште во мај 2004 година. Значи одамана се пробиени и изминати сите рокови во кои инвеститорот требал да почне со реализиацијата на проектот на земјиштето , па ме интересира врз кои аргументи и законски претпоставки е направено менување на првично дефинираните услови, , бидејки со договорот била предвидена обврска инвеститорот да почне со градбата две години по склучувањето на договорот.
    Со оглед на одамна пробиените рокови, ресорното МИнистерство едноставно требало да ја одземе парцелата, а не да дозволи пренамена и изградба на катна гаража, деловен простор и слично.

  17. Проблемите што ги имаат сограѓаните од капиштец ги свакам потполно, но сметам дека не би било лошо да имаат катни гаражи но на друго место, поточно кај Дуомо, Воденица,… и така се тие привремени објекти! Целиот тој простој би бил добар за катна гаража од 3-4 ката :)

    Интересна тема. Сметам дека низ Скопјево хаотично мора повеке катни гаражи! нема каде да се пракираат возилата, а некои од улиците очигледно мора да се прошируваат или пак некоја друга солуција затоа што е неподнослив хаосот!
    А како “шлаг” на хаосот се и старите распаднати автобуси и таскија!
    ВЕ молам превземете нешто!
    За такси превозот имам предлог конкретен!
    Иако сум говорел т.е. пишувал за ова и на мојот и на др блогови, пак ке повторам..

    1. Да се одлучат такситите дека сакаат да бидат таксисти! Бидејки и тоа е професија. Доста е да работад до 3 во некоја државна фирма а попладне да возат..
    2. Да се воведе кодекс на однесување и облекување ( да несмеаат да пушат, да бидат бањати (сериозен сум знам дека звучи смешно но има и такви), да им биде чисто возилото, ….
    3. За да се најде баланс за да набават ново возило и ги исполнат условите за чистота, педантност, брзина…
    сметам доколку е можно државата да направи попис на колку таксисти има во Скопје, да направат договор со што ке најдат просечно поевтино но добро возило (пр. chevrolet Kalos sedan) што ке биде пред се ново, чисто, ке има клима, и да имаат услови да го отплаќаат на 5-10 години.
    Така сметам ке бидат сите задоволни!
    Ги разбирам таксистите но нека бидат реални. Не сите се разбира но одредени колеги им ја гнасат провесијата и компанијата за која возат со нивниот дрзок однос, со тоа што ве вртат ко киша око крагуевца а се брзате да стасате а они само сакаат да заработат повеке на беден начин, со нехигиена во возилото, …
    Во Грција е 15000 евра лиценца за такси! Во Франција 6 години се чека на ред за да се добие дозвола за оваа работа!
    Постојат стандарди по кои мора сите да се придржуваат!
    Така го градиме општеството, така се градиме себеси!
    Законите и правилата мора да се почитуваат! Само така ке си ја зачуваме татковината!

    многу ме бендииса последната реклама за ултра паметната корпа за отпадоци!
    -оди по тебе и све собира
    - не троши струја
    - не го ја ни осекаш
    - како милениче е…

    и на крајот најдобра беше реченицата: Додека не измислат ваква корпа, фрлај го ѓубрето каде што треба! :)

    поздрав

  18. писмејкер, ај одмори малку, доста беше, мислам, ИНАФ!

  19. Поздрав Јанко . Ти посакувам успешна емисија со министерот Јанакиески. Ако може да го прашаш министерот што има направено во врска со собирањето на патарините во РМ.
    Јавна тајна е дека патрините се со висок степен на корупција и дека досега партиите буквално се ” тепаа ” за тоа кој да раководи со него.( Знам дека Македонија пат е под Транспорт и врски).Прашај го министерот дали се зголемени приходите од патарините и како се спавуваат со корупцијата во овој сектор.
    Се надевам дека ќе му го поставиш ова прашање!Поздрав

  20. Господине Mинистер

    Со решение за денационализација од 2002 година на нашата фамилија вратено и е во сопственост земјиште од 36.000 м 2 ¬како градежно неизградено земјиште. При изготвувањето на решението побарано е мислење од министерството за транспорт и врски и е добиен одговор дека на местото е предвидена изградба на објекти од лесна индистрија, салони за автомобили, мебел и др. Во 2001 год. Кога е донесен ГУП на град Скопје во него е назначено дека местото е РАСАДНИК. Во 2004 год поднесовме петиција до градоначалникот и Советот на Oпштина Карпош и добивме согласност дека при првата ревизија ке добиеме соодветна дозвола за градба (маркица). Писмото со подршка на градоначалникот на општина Карпош е пропратено до Советот и Главниот Архитект на град Скопје. Со ова писмо е запознаен и претседателот на Советот на град Скопје, Градоначалникот на град Скопје, Стопанска Комора на Македонија, Вице премиерот З. Ставревски, Регулаторна Гилотина и др. Знам дека предлог законот за просторно и урбанистичко планирање е во процедура меѓутоа знам дека и 56-тата седница на Парламентот не е завршена и законот не е поминат.
    Господине Министре Ние чекавме 43 години да се исправи една грешка од едноумието како што го нарекуваме, а веќе 6 години чекаме да се исправи и оваа грешка која е направена од волјата на некои локални моќници и хиерархијата.
    Прашање: Кога ќе се направи ревизија на ГУП на град Скопје за да се исправи оваа намерна или ненамерна грешка да се прави РАСАДНИК во чисто индустриска зона, на фрекфентна улица и на парцели кои кога ќе се поделат на сите наследници би биле од 800-1200 м 2?
    П.С: Дали може да бидам примена со целокупната документација во вашиот кабинет.
    Однапред благодарна: Трајковска Мирјана.

  21. Писма од гледачи

    Skopje, 19 septemvri,2007 god.

    Pocituvan gosp. Janko,

    Po povod gostuvaneto na Premierot na Vladata na R.M. i
    Ministerot za transport i vrski vo Vasata emisija,
    Ve molam ovoj e-mail da im go predocite na Premierot i
    na gospodinot Minister za Transport i vrski Mile
    Janakievski.

    Odnapred Vi blagodaram,
    So pocit,

    Proevski Janko
    ul. “M.Mitevski” br. 6/6-3, Skopje
    tel. 075/653181
    ==========

    Pocituvan gosp. Minister,

    Na 15.01.2007 god.preku arhivata na Vaseto
    ministerstvo Vi dostaviv kopie od dopisot adresiran do
    gosp. Sasko Srcev Drzaven sekretar vo Ministerstvoto
    za transport i vrski za koe Vasata arhiva ne ni dade
    arhivski broj. Koipe od dopisot istiot den bese
    dostaven do Vladata na R.M., na raka na Premierot, i
    do Drzavnata komisija za borba protiv korupcijata.

    Predmet na dopisot glasi:
    ” Divo izgraden kat i potkrov na zaednickata stanbena
    zgrada na ul. “M. Mitevski” br. 6/6 i 7″, vo naselba
    Topaansko pole.

    Priem, baravme i se uste barame kaj gosp. Srcev Sasko
    i g-ta Angelovska Zaklina, a po pismena preporaka br.
    12-1177/2 od 13.11.2006 god.na Drzavnata komisija za
    borba protiv korupcijata.

    No, po se izgleda deka, vo Ministerstvoto za transport
    i vrski se uste rabotat “vnatresnite koruptivni sili”
    koi ste gi nasledile od predhodnata vlast i go
    zataskuvaat raspletot na nasiot predmet.

    Vo Vaseto ministerstvo zapletkani vo ova se:
    -Gosp. Kosta Pantev, vraboten kaj Vas;
    -Gosp. Sokolovski Ljubomir, od Vtoro-stepenata
    komisija na Vladata za gradeznistvo i urbanizam;
    -g-te Marga Peseva i
    -Cveta Kamilovska od Drzavniot inspektorat za
    gradeznistvo i urbanizam.

    Na gore navedenite sega im se pridruzuvaat, gosp.
    Srcev Sasko i g-ta Angelovska Zaklina, zatoa sto, ne
    najdoa podobnost da ni odgovorat na nasiot dopis nitu
    da ne prima pri naseto povekekratno odenje vo
    ministerstvoto i Drzavniot inspektorat, nitu da
    odgovorat na nasite telefonski javuvana.

    Se krijat.

    Za ovoj slucaj detalno e zapoznaen i Ministerot za
    pravda gosp.Manevski, uste vo vremeto koga bese
    prestavnik vo Drzavnata komisija za borba protiv
    korupcijata.

    Po ovoj predmet imame Presudi na Vrhovniot sud na R.M.
    vo nasa korist.

    Krivicni postapki se vodat pred Osnovniot sud Skopje
    2, po cl.377 st.2 od KZ na RM protiv:
    -Adzi Alimi Rakovoditel,i
    -Svetlana Marinovik od Ministerstvoto za transport i
    vrski, od Podracnata edinica “Cair”.

    Nie stanarite od ul. “M.Mitevski”br.6/6 i 7, barame,
    Vie,konecno da go prevzemete resavaneto na ovoj
    predmet
    koj datira od mesec mart 2003 god., so toa ke ja
    dokazete Vasata zelba za Evro-Atlanska integracija i
    ke zastanete na patot na korupcijata, kriminalot i
    “Urbanata mafija”.

    Za seto gore izneseno, spremni sme da Vi ja
    prezentirame kompletnata dokumentacija i pokraj toa
    sto istata ja ima kaj gospodinot Srcev Sasko.

    So licna pocit,

    Proevski Janko
    ul. “M.Mitevski” br. 6/6-3, Skopje
    tel. 075/653181

  22. писма

    Zdravo Janko!

    Sekojdnevno ja gledam tvojata emisija, mnogu mi se dopaga i mnogu sum ti blagodarna sto postojat takvi realni luge kako tebe sto ni ovozmozuvaat da si gi kazeme makite.
    Da nedolzam mnogo bidejki ti e gostin gospodinot Mile Janakievski ..a jas kako obicen smrtnik nemozam nikako da dojdam do gospodinot iako cela godina cekam na priem kaj nego!
    Imeno se raboti za t.n socijalni stanovi kade sto konkurirav i bev odbiena so obrazlozenie deka uslovite gi ispolnuvam no nema dovolen broj na stanovi za site..bidejki sive ovie 5-6 godini si go barav svoeto pravo doznav deka ima prazni stanovi (zboruvam za stanovite vo Butel) i deka nikoj ne zivee vo niv ,a jas sum bukvalno na ulica -samohrana majka so dva sina koja gi ispolnuva uslovite za da dobie eden od ovie prazni stanovi.
    Te molam prasaj go ministerot dali ke moze da me primi ili da mi objasni kade da se obratam ,veruvaj segde sum bila ,od ministerstvoto za transport ja prefrlaat topkata vo sizot za stanovanje a od tamu odam obratno..te molam kako Gospod pomogni mi prasaj go zosto sum veke pri kraj na sili!

    ODNAPRED SUM TI MNOGU BLAGODARNA
    SO OGROMNA POCIT

    STANOEVSKA LILA

  23. уште писма

    Sto se slucuva so predmetot za stanbeniot objekt na ul. Emil Zola, za koj vprocem i se sretnavme so nego i dostavivme dokumenti istovremeno dogovarajki se deka posle negovata konsultacija so sluzbite pak kje se sretneme kako bi dobile odgovor. Do povtorna sredba seuste ne e dojdeno, nitu pak do odgovor? Sto ponatamu? I vo ovaa institucija li ce ostaneme bez odgovor? Barame konkreten odgovor!

  24. Јанко

    J A N K O – Eve da ti pisam kako bi doznal edna vistina koja uporno se premolcuva,ke bidam opsiren i vo maski rod cuvajki go identitetot a ke pisam od ime na aptekarkite od GRADSKA APTEKA.Ova mora vaka bidejki nikoj ne ja kazuva pravata vistina a se zatoa sto nekoi koleski sto sakaa da prozborat dobija pretenje na domasna adresa po telefon. Veruvajki vo TEBE-izvini na privatnosta-ti ja pisuvame pravata vistina za sostojbata a ako sakas bidejki izgubivme verba vo se obznani go.Ona sto A1 objavi e del od vistinata.GRADSKA APTEKA se prodade za 13 milioni evra,34 lokala-apteki,plus direkcija,a i polna ko brod,ekspertite koi ja procenuvaa se zivi i zdravi i denes se prisatni vo javnosta.Da napomnam popatno da apteka Trgovski,11oktomvri,Partizanska so galenska laboratorija i direkcijata ko prostor vredat poveke. Toa da gos.Mehangjiski-alias ZEGIN bil izmamen ne drzi voda, toj resi da ne unisti ko konkurencija i so prodazba na objektite da profitira ili eventualna prenamena na istite.Toa e prviot cekor,godina dena kupcite ne ni ispratija lek asalno od pozitiva kako bi gi odbile graganite od nas,a ne napraviva kozmeticki i alternativni medicini prodavnici,ona za na pozitiva so recepti sto se izdava dodivavme po 2 do 10 kutii kade se stvori revolt kaj graganite kon nasite prodavnici i zatoa bea onie redovi i cekanj za lekovi.Za da stane dominanten sopstvenik 50%,sobra grupa na stari rabotnici koi imaa benificii prilikom kupuvanje na udelite so razni popusti da se zapisat kako kupuvaci i istite mu gi dadat nego,a toj im isplati nekoja crkavica a istite so site benificii toj gi otkupi,na tia koleski dobro im dojde po nekoe evro,odnosno od bez pari dobija pari,mada od nisto se dobiva nisto rekol nekoj mislitel,nemoze od nisto da se dobie nesto.Potoa sledese terorot so akciite kade bevme bukvalno prisileni da mu gi prodademe.Kakvi pretenja doziveavme da dade gospod da mu se vrati na familija-izvini ama zeni -.Posle se ova koleskite pocnaa da si odat koi vo drugi apteki koi ispolnuvaa uslovi u penzija.I ko posledno ke ne nosel u stecaj,a zasto da unisti brend koi 40 god.go gradel imeto i profesijonalnosta vo farmacijata.Eden tajkun koi uste od bivsata drzava so prevara go napravi kralsvoto i prodolzuva ponataka i sega.Dava i na edni i drugi i site go drzat ko stalen sponzor,iako mnogu go znaat ova molcat.Posledna rabota sto ja pravi e nedavanjeto plati,pod izgovor za nerentabilnost,a pravata vistina e da ne gi plati doprinosite na vrabotenite koi od den vo den se pomalku.Onie sto zaminaa vo penzija ni slucajno ne se nadevaat na otpremnina iako sleduva po zakon.Zatoa JANKO ova nase pisuvanje mozes da go prosledis do ANTIKORUPCISKA,TRUDOVA,pa i nekoj od vladasta neka se zapoznae so ova.Mada ovde trba da se zainteresira i gos.SVRGOVSKI i g-ca JANKULOVSKA.Se nadevam da ovie raboti ke doprat posiroko.VRABOTENI od GRATSKI APTEKI.

  25. Жителите на скопската населба Капиштец, на 18 септември 2007 година ја блокираа улицата „Васил Ѓоргов“ во знак на протест против изградбата на катната гаража со деловен објект спроти „Жито Лукс“ , зад кој стои АНТЕРА-ДООЕЛ, фирма ќерка на „Тинекс“, која на почетокот на месецов ја почна изградбата на петкатната гаража со деловен простор.
    Навестувајки дека протестите ке продолжат и дека ке бидат искористени сите правни и други лекови против изградбата на новиот кинески зид, го прашувам почитуваниуот министер Јанакиевски како е можно одобрение за градење да биде издадено во јули 2007 година (согласно ДУП Капиштец усвоен со Одлука на Совет на општина Центар???), кога парцелата е купена од страна на сопственикот на Тинекс уште во 2003, а маркица за градба е издадена уште во мај 2004 година. Значи одамана се пробиени и изминати сите рокови во кои инвеститорот требал да почне со реализиацијата на проектот на земјиштето , па ме интересира врз кои аргументи и законски претпоставки е направено менување на првично дефинираните услови, , бидејки со договорот била предвидена обврска инвеститорот да почне со градбата две години по склучувањето на договорот.
    Со оглед на одамна пробиените рокови, ресорното МИнистерство едноставно требало да ја одземе парцелата, а не да дозволи пренамена и изградба на катна гаража, деловен простор и слично.

  26. Јанко,дали може(пошто неколкупати не можеше,верувам случајно)да му се постави прашање на гостинот (Министерот)?Ако може:))зошто им е одземена концесијата на Ротико-Ротинце кога и на обичните лаици им е јасно дека тука не се работи за никаква опасност од загадување на изворот Рашче бидејќи во случајов не се работи за ископување или минирање како во каменоломите на кои исто така им е одземена концесијата,туку за исцрпување на минерална вода која ионака на луѓето им извира во самиот двор на куќата.Ротико како што можев и самиот да видам има целосна експертска анализа дека не се работи за никакво загадување и тоа изработена од компетентни луѓе вработени во министерството за животна средина,кои патем во никој случај не се сложуват со одлуката на министерството. Оваа фирма згора на се е и со американски капитал со што негативно се претставуваме пред странските инвеститори.Најтрагичен е фактот што од тука егзистираат дваесетина македонски фамилии кои ионака се се помалку во овие краеви. Дали оваа неправда може да се исправи бидејќи не се сомневам во транспарентноста на министерството и покрај можниот пропуст? Поздрав.

  27. Ви благодарам на сите што учествувавте во креирањето на концептот за формирање прашања за министерот, особено на оние кои поставуваа прашања кои се од општ интерес и кои опфаќаат повеќе граќани. Само анализата и овие прашања ќе одземат повеќе од 3 часа без директни јавувања. Оние пак кои побараа да решат некаков нивем личен проблем и случај од разбирливи причини ќе бидат оставени за крај или изоставени, бидеејќи и самите ќе кажете дека интересот на повеќемината го надминува интересот на неколкумина. Тоа не значи дека ќе бидат одбегнати, туку, едноставно ќе бидат оставени за крај, ако има време.
    Направив уште една анализа, емисијата според се би требала датрае 6-7 часа, но секако јас немам намера да го направам тоа, сепак акцентот ќе биде на работата, проблемите и актуелностите на министерството што и само по себе треба да опфати интересот на многумина.

  28. Еве уште еден занимлив податок,кој го прочитав утринава во еден дневен весник.Локалната власт во Тетово се спротиставила на изградбата на Национална библиотека во овој град.Иако имало владина одлука,плус обезбедени биле сите предуслови и услови за започнување на изградбата,од ДУИ се изјасниле дека на тоа место,според ДУП-от не била предвидена изградба на објект со таква намена.Какви се надлежностите на соодветното ресорно министерство при една ваква јазловна ситуација?Поздрав

  29. Друже што да правам кога имам доста работи што ме мачат и ми лежат на срце, па сакам да си прашам како млад граѓанин на оваа држава кој сака и го подржува напредокот и позитивното работење!
    Си ја сакам земјата и навистина сакам да успееме во позитивно подобрување на условите за живот и фукнционирање во неа!

    Ако другите несакаат да поставуваат прашања нивен проблем….

    жалосно е што многу од младите воопшто не се замараат за татковината, туку само мислат како да му ја здуваат надвор!
    Што е со исклучоците? И ние ли треба да се претопиме со масата? God damn it!

    поздрав

    peace out!

  30. јанко те молам прасај го министерот кога и дали ке се реконструира коцката на дрво декор и тие трафиките од левата страна на вардар

  31. јанко ако мозеш прашај го премиерот дали ке се прави патот кој беше планиран пред многу години во зданец зимно време се одделени од светот лугето таму кога врне снег фала и голем поздрав

  32. Прашај кој ке сноси одговорност за скандалозното продадено (дадено) земјиште позади Рамстор, и кога конечно ке си даде оставка

  33. Јанко јас би бил краток и јасен . Ме интересира што ќе се направи со ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ, секако и со сите други плажи во државава. Оваа година министерството превзема одредени чекори кои се за големо поздравување, меѓутоа дали и со каков интензитет ќе продолжи тоа во наредните години. Охрид (а зошто не и другите турисатички дестинации) имат многу поголем потенцијал и можат да се направат уште многу работи во интерес на туризмот. Како пример ќе ја посочам една Бугарија која за волја на вистината нема некое прекрасно море и никој таму не оди за морето, но затоа пак има прекрасно исградени огромни плажи, голем број на уникатни барови на плажите , многу, многу забавни активности. Имаат водени паркови кои што ги молзат парите на туристите, дали се планира такво нешто кај нас да се изгради? Од сето ова очигледна корист ќе имаат туристичките места , а секако и целата држава.

  34. 1. Кои тендери се во план да бидат објавени или во кој сектор се планира да се објават?
    2. Зошто нашите градоначалници не ги прават и прошируваат градските улици кои се најпрометни во градот?
    3. Дали Градоначалникот на град Скопје има доволно пари за да ги обнови музејските раскопани градски улици? Доколку нема зошто нема и кој ќе ги направи тие улици?
    4. До кога се планира Аеродромот да се реновира и да се претвори во вистински Европски Аеродром?
    5. Како може да се добие велосипедска патека или видо изменет тротоар наменет за велосипедистите по сите тротоари, а не да се вози по улиците?
    6. До кога продавниците ќе ги окупираат тротоарите со своите излози и производи? Сите тротоари личат на пазар?
    7. Зошто имаме посебно во Кисела Вода куќа, па зграда, па куќа претпоставувам дека немате план и одговорот ќе биде дека тоа зависи од инвеститорите и сопствениците, но сепак јас би рекол дека тоа изгледа грдо и треба да се преземе нешто за да заличиме на некаков си главен град? Ако ви се врзани рацете тоа значи дека немате идеи и капацитет да се справите со ликот на градот вие заедно со градоначалниците во пакет?
    8. Зошто не привлекувате повеќе странски инвеститори да инвестираат во нашава држава во инфраструктурата и како тоа вие ќе ги подржите во тоа и што нудите како гаранција дека нема да се појават проблеми како веќе видените?

  35. Каков ќе биде начинот на плицирање и распределба на ЦЕМТ и Поединечни дозволи. Дали ќе биде исто како лани или ќе има нов начин?

  36. јанко емисијата тие као да живеам во северна кореја.гола пропаганда колку пораки не пусти

  37. А бе Јанко поголема лигавица нема од тебе.Го надмина и Латас се лигушиш тука цело време.Тешки сероња си

  38. Брат,жими тебе.Те молам замоли го министерот,поподробно да ја објасни таа одлука за ненамалување на ДДВ-то за мрежните услуги?Нели цените на Интернетот би паднале уште повеќе,ако се намали односното ДДВ?Ова не засега огромна бројка млади.Ко господ го молам министерот за конкретен одговор!

  39. Бла бла бла да беше само Шекерко штетник ке беше добро а не спомнуваш дела Тв Боем има кабелска на диво!!
    Кој е поголем штетник ?

  40. не го прашувај ништо! он се ке си каже

  41. Прашај го зошто не ги укина концесиските договори со телеком кој ги потпиша Груевски пред 7-8 години.

  42. Јанко,
    Те молам прашај го министерот за нешто што засега преку 500 семејства во РМ а тоа е приватизацијата (или трансформацијата) на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ (поранешен ПУИГ Скопје) и дали се планира и колку вработени да бидат избркани од работа.

    Те молам прашај го „министеро“ кога се планира да почне со градба северната трибина на Градски стадион во Скопје и со кои пари. Колку што знам потребни се околу 13 милиони ЕУР.
    Во врска со ова, дали објектот зад стадионот (оној монструм од зграда) ќе пречи на изградбата бидејќи, според мене, е премногу блиску до трибината.

  43. Јанко, ептен е индикативно дека им го пушиш на вмровциве.
    Секоја втора недела, по некој вмровец.
    Освен Еско, кој беше викнат поради тоа што труеше против сдс.
    Зошто е сега викнат Миле? за да ја објаснува необјаснивата криминална продажба на земјиштете крај рамстор?

  44. не туку да одговри на она што го ветив пред година дена, да даде отчет што направил за година дена, а ако имаш конструктивна критика, ќе направам се да му ја пренесам јавно. Инаку сдс милуваат најмногу да одфат на к5 во икс нула затоа што таму нема пораки и јавувања од народот, сеа ти да се подразмислиш малку кому ти вршиш фелацио со твојот агитпроп

  45. Комплименти за работењто на министерот!
    Се покажа како еден од најхрабрите во справување со многу проблеми!
    Последно нешто што го испоштував е потсетувањето до новиот мобилен оператор дека ке си имаат проблеми со законот ако не се држат до тоа што го ветиле!

    Имам многу прашања и предлози така да постепено се надевам ке искажам се што мислам иако има време до 19-ти.

    1. Кога ке се среди аеродромот да го зличи како што треба? Како секој модерен град, мислам дека и ние заслужуваме модерен и луксузен аеродром бидејки со тоа оставаме добар впечаток кај лугето што ја посетуваат нашата земја.

    2. До каде е изградбата на заобиколниот пат околу Скопје?

    3. Дале ке доживееме модерна железница која би ја користеле како замена за автомобилот?

    4. Кога ке се тргнат распаднатите автобуси кои не трујат низ улиците а се стари скоро 50 години? Превземете поготово околу ова нешто ве молам се угушивме!

    толку сега за сега

  46. Комплименти и од мене до министерот :-)
    Имам неколку прашања:

    1. По која цена е продадено земјиштето позади Рамстор кое е НАМЕНЕТО за изградба на хотел? Која фирма го доби, кога е основана и кој стои позади неа?

    2. Уште колку месеци ќе се руши т.н. кинески ѕид? Некои луѓе велат дека по „рушењето“ на овој објект, тој е уште повисок! Дали уште му се закануваат за таа работа?

    3. Што стана со парите што тој ги префрлал на маркетинг и ПР агенција додека беше директор на ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје?

    4. Што се случува со распределбата и изградбата на социјалните станови? Сведоци сме на огромни незадоволства?

    5. Зборуваат за странски инвестиции и тој и премиерот. Што станува со ЛУКОИЛ? Како воопшто да не се спроведува овој договор за изградба на 40 бензиски пумпи. Дури и директорот на оваа фирма во Македонија се пожали за ова во едно свое интервју за „Неделно време“.

    Толку и од мене сега за сега и поздрав до тебе Јанко

  47. Прашај го г-динот министер до кога ќе ги кршиме колите по локални, регионални и магистрални џадиња, мислам под него дека се македонија-пат кои убави пари ни земаат ама не ги одржуваат патиштата воопшто!

  48. Во денешен дневник http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=89E5309865519E47B57D0C4504231A33
    читаме дека сета оваа афера за хотелот зад Рамстор произлегла од агенцијата МИА? Боцевски вели дека МИА погрешно разбрала?! И сите ли други погрешно разбрале дека премиерот никогаш не го спомнал името на Резидор хотел.
    Министре, МИА ли е крива за аферата?

    И уште нешто.Многу сум задоволна од работата на министерот и целата влада. Сепак ми пречи толкава поделеност на народот меѓу СДСМ и ВМРО.

    Дали Владата ќе почне да работи на национално помирување?

  49. . Имам многу интересен предлог кој сметам дека е од многу битен и значаен, како економски така и национален карактер.

    Наместо да бидеме постојано робови и да се притесуваме на секоја одлука од страна на Грците и Србите дали било тоа од бизнис интереси или пак од битни национални прашања, од кои Македонските граѓани имаат проблеми со остварувањето на правото на слобода на движење, говорење, работење од минатото па се до денес (доказ Букурешкиот договор, тајниот протокол помегу Грција и Србија за делење на Македонија,…)….

    Наместо да се плашиме дали ке ни стават вето за да неможеме да мрднеме надвор од земјата, предлагам едно идеално решение по мене.
    ДА се направи нов пат до Албанија!!
    Од Тетово низ Шар Планина да се направи голем тунел со што имаш излез на море за 200 км.
    Се разбира ова мора да го работат заедно двете земји но сметам дека би било од големо знечење за нас. за 200 км си на Јадранско море.
    Што мислиш?
    Ке ти пратам некои мапи на маил.

    Ова е предлог од млад човек кој повеќе го преферира Јадранското море од Грчкото, конкретно Хрватска ревиера! :)
    поздрав

  50. Што ќе каже на фактот дека во сите градови каде што се доделуваа станови за лица со мали примања, имаше протести и негодувањљ? Јас не сум ни за ВМРО ни сум за СДСМ, само сум загрижен граѓанин кој гледа дека и новата влада ја практицира власта на ист начин како претходната.

  51. Зошто Владата и мин.за Сообраќај,се спротивставија на советот од мрежните оператори за намалување на ДДВ-то за мрежните услуги (Интернетот)?Дали таквата одлука ќе отвори “дупка” во буџетот, која после е незакрплива или што?(Воопшто нејќам ни да помислам од кои побуди СДС-пајташите се втурнаа да се залагаат кон една ваква одлука).
    Најдобронамерна критика до Министерот. На медиумски пресови да не излегува со, напамет научени текстчиња,кои ќе ги изрецитира ко некое основче,туку да биде решителен во говорништвото.Ова колку да се заштити од зафрканции и вицови на негова сметка, плус да го задржи угледот на владата.
    Нека Министерот биде подробен.

  52. Незнам дали е Министерот надлежен за ова прашање но бидејки е Министер за Транспорт и ВРСКИ мислам дека може да одговори.

    тој дечкото од АПЕМ или како и да се викаше, вети дека од септември нама да има повеќе РЕКЛАМИ пред вестите и за време на филмови, има толку многу реклами што ке заборавиш што си гледал!
    Рука на срце за Скај Нет и Телма! Канал5, А1, Сител ги кршат правилата кои дозволуваат само еден блок реклами за 1 саат!!!

    Дали има министерот ингеренции а ако нема кој има, за да спроведе ред за по квалитетна програма во медиумите бидејки се срамота да се наречат медиуми!
    Ете го одговорот мегу другото зашто народот несака да плаќа радиодифузна такса!

    ПОмалку шпански серии и транс фолк по ТВ!!! Повеке добри документарци, концерти, НОВИ филмови..!
    Пред неколку месеци гледав некои каскадерски награди и се исплашив колку остарел Burt Reynolds познат како Бандитот од филмот Smokey and the Bandit што традиционално го гледаме барем еднаш месечно на Сител!

    Кај нас холивудските филмските легенди остануваат вечно млади…

  53. Ми текна уште нешто :)

    Кога ке распишат тендер за изградба на прав забавен парк во Скопје на местото на стариот?
    Со мнгу содржини, ролеркостери,… како секоја метропола!!
    Можат да го искористат целиот парк за тоа :)
    Таков интересен парк е Port Aventura na Universal во Шпанија :)

    паркот е феномален!

    Поделен е по области, China, Far West, Aztec Mexico, Polynesia, …
    фантазии луге мои!!!
    Ах колку би сакал да одам пак…

    но не би морал…

    ако владата се смилува и нафати на ваков проект бидејки на сите ни треба еден ден во неделата да се издуваме негде од сите нервози, стресови, проблеми,…
    место каде ке поминеме повеке време со пријателите, фамилијата, саканите…

    Па, што мислите? :)

    Поздрав

  54. писмо од Кичево

    Pocituvan Janko Ilkovski, imas golem pozdrav od grupa na gledaci od
    Kicevo. Emisijata vo Kicevo e mnogu gledana i sakame da postavime
    prasanje do ministerot Janakievski: Koga ke zapocnat so borba protiv
    “divite” radiodifuzeri koi vo Kicevo gi ima povece od legalnite.
    Veruvajte, navistina e toa nelojalna i stetna konkurencija i za
    legalnite radiodifuzeri, no i za drzavata. (Kolku za informacija:
    legalni vo Kicevo se: Tv Boem – makedonski jazik, Tv Gura – albanski
    jazik, Tv Uskana – albanski jazik i Radio Aleksandar Makedonski -
    makedonski jazik). Site ostanati na celo so Radio Kale i famozniot
    gospodin SECERKO se nelojalni stetnici na ovaa drzava. JANKO pozdrav od
    KICEVO i te gledame vo sreda!

  55. писмо од капиштец

    Жителите на скопската населба Капиштец, на 18 септември 2007 година ја блокираа улицата „Васил Ѓоргов“ во знак на протест против изградбата на катната гаража со деловен објект спроти „Жито Лукс“ , зад кој стои АНТЕРА-ДООЕЛ, фирма ќерка на „Тинекс“, која на почетокот на месецов ја почна изградбата на петкатната гаража со деловен простор.
    Навестувајки дека протестите ке продолжат и дека ке бидат искористени сите правни и други лекови против изградбата на новиот кинески зид, го прашувам почитуваниуот министер Јанакиевски како е можно одобрение за градење да биде издадено во јули 2007 година (согласно ДУП Капиштец усвоен со Одлука на Совет на општина Центар???), кога парцелата е купена од страна на сопственикот на Тинекс уште во 2003, а маркица за градба е издадена уште во мај 2004 година. Значи одамана се пробиени и изминати сите рокови во кои инвеститорот требал да почне со реализиацијата на проектот на земјиштето , па ме интересира врз кои аргументи и законски претпоставки е направено менување на првично дефинираните услови, , бидејки со договорот била предвидена обврска инвеститорот да почне со градбата две години по склучувањето на договорот.
    Со оглед на одамна пробиените рокови, ресорното МИнистерство едноставно требало да ја одземе парцелата, а не да дозволи пренамена и изградба на катна гаража, деловен простор и слично.

  56. Проблемите што ги имаат сограѓаните од капиштец ги свакам потполно, но сметам дека не би било лошо да имаат катни гаражи но на друго место, поточно кај Дуомо, Воденица,… и така се тие привремени објекти! Целиот тој простој би бил добар за катна гаража од 3-4 ката :)

    Интересна тема. Сметам дека низ Скопјево хаотично мора повеке катни гаражи! нема каде да се пракираат возилата, а некои од улиците очигледно мора да се прошируваат или пак некоја друга солуција затоа што е неподнослив хаосот!
    А како “шлаг” на хаосот се и старите распаднати автобуси и таскија!
    ВЕ молам превземете нешто!
    За такси превозот имам предлог конкретен!
    Иако сум говорел т.е. пишувал за ова и на мојот и на др блогови, пак ке повторам..

    1. Да се одлучат такситите дека сакаат да бидат таксисти! Бидејки и тоа е професија. Доста е да работад до 3 во некоја државна фирма а попладне да возат..
    2. Да се воведе кодекс на однесување и облекување ( да несмеаат да пушат, да бидат бањати (сериозен сум знам дека звучи смешно но има и такви), да им биде чисто возилото, ….
    3. За да се најде баланс за да набават ново возило и ги исполнат условите за чистота, педантност, брзина…
    сметам доколку е можно државата да направи попис на колку таксисти има во Скопје, да направат договор со што ке најдат просечно поевтино но добро возило (пр. chevrolet Kalos sedan) што ке биде пред се ново, чисто, ке има клима, и да имаат услови да го отплаќаат на 5-10 години.
    Така сметам ке бидат сите задоволни!
    Ги разбирам таксистите но нека бидат реални. Не сите се разбира но одредени колеги им ја гнасат провесијата и компанијата за која возат со нивниот дрзок однос, со тоа што ве вртат ко киша око крагуевца а се брзате да стасате а они само сакаат да заработат повеке на беден начин, со нехигиена во возилото, …
    Во Грција е 15000 евра лиценца за такси! Во Франција 6 години се чека на ред за да се добие дозвола за оваа работа!
    Постојат стандарди по кои мора сите да се придржуваат!
    Така го градиме општеството, така се градиме себеси!
    Законите и правилата мора да се почитуваат! Само така ке си ја зачуваме татковината!

    многу ме бендииса последната реклама за ултра паметната корпа за отпадоци!
    -оди по тебе и све собира
    - не троши струја
    - не го ја ни осекаш
    - како милениче е…

    и на крајот најдобра беше реченицата: Додека не измислат ваква корпа, фрлај го ѓубрето каде што треба! :)

    поздрав

  57. писмејкер, ај одмори малку, доста беше, мислам, ИНАФ!

  58. Поздрав Јанко . Ти посакувам успешна емисија со министерот Јанакиески. Ако може да го прашаш министерот што има направено во врска со собирањето на патарините во РМ.
    Јавна тајна е дека патрините се со висок степен на корупција и дека досега партиите буквално се ” тепаа ” за тоа кој да раководи со него.( Знам дека Македонија пат е под Транспорт и врски).Прашај го министерот дали се зголемени приходите од патарините и како се спавуваат со корупцијата во овој сектор.
    Се надевам дека ќе му го поставиш ова прашање!Поздрав

  59. Господине Mинистер

    Со решение за денационализација од 2002 година на нашата фамилија вратено и е во сопственост земјиште од 36.000 м 2 ¬како градежно неизградено земјиште. При изготвувањето на решението побарано е мислење од министерството за транспорт и врски и е добиен одговор дека на местото е предвидена изградба на објекти од лесна индистрија, салони за автомобили, мебел и др. Во 2001 год. Кога е донесен ГУП на град Скопје во него е назначено дека местото е РАСАДНИК. Во 2004 год поднесовме петиција до градоначалникот и Советот на Oпштина Карпош и добивме согласност дека при првата ревизија ке добиеме соодветна дозвола за градба (маркица). Писмото со подршка на градоначалникот на општина Карпош е пропратено до Советот и Главниот Архитект на град Скопје. Со ова писмо е запознаен и претседателот на Советот на град Скопје, Градоначалникот на град Скопје, Стопанска Комора на Македонија, Вице премиерот З. Ставревски, Регулаторна Гилотина и др. Знам дека предлог законот за просторно и урбанистичко планирање е во процедура меѓутоа знам дека и 56-тата седница на Парламентот не е завршена и законот не е поминат.
    Господине Министре Ние чекавме 43 години да се исправи една грешка од едноумието како што го нарекуваме, а веќе 6 години чекаме да се исправи и оваа грешка која е направена од волјата на некои локални моќници и хиерархијата.
    Прашање: Кога ќе се направи ревизија на ГУП на град Скопје за да се исправи оваа намерна или ненамерна грешка да се прави РАСАДНИК во чисто индустриска зона, на фрекфентна улица и на парцели кои кога ќе се поделат на сите наследници би биле од 800-1200 м 2?
    П.С: Дали може да бидам примена со целокупната документација во вашиот кабинет.
    Однапред благодарна: Трајковска Мирјана.

  60. Писма од гледачи

    Skopje, 19 septemvri,2007 god.

    Pocituvan gosp. Janko,

    Po povod gostuvaneto na Premierot na Vladata na R.M. i
    Ministerot za transport i vrski vo Vasata emisija,
    Ve molam ovoj e-mail da im go predocite na Premierot i
    na gospodinot Minister za Transport i vrski Mile
    Janakievski.

    Odnapred Vi blagodaram,
    So pocit,

    Proevski Janko
    ul. “M.Mitevski” br. 6/6-3, Skopje
    tel. 075/653181
    ==========

    Pocituvan gosp. Minister,

    Na 15.01.2007 god.preku arhivata na Vaseto
    ministerstvo Vi dostaviv kopie od dopisot adresiran do
    gosp. Sasko Srcev Drzaven sekretar vo Ministerstvoto
    za transport i vrski za koe Vasata arhiva ne ni dade
    arhivski broj. Koipe od dopisot istiot den bese
    dostaven do Vladata na R.M., na raka na Premierot, i
    do Drzavnata komisija za borba protiv korupcijata.

    Predmet na dopisot glasi:
    ” Divo izgraden kat i potkrov na zaednickata stanbena
    zgrada na ul. “M. Mitevski” br. 6/6 i 7″, vo naselba
    Topaansko pole.

    Priem, baravme i se uste barame kaj gosp. Srcev Sasko
    i g-ta Angelovska Zaklina, a po pismena preporaka br.
    12-1177/2 od 13.11.2006 god.na Drzavnata komisija za
    borba protiv korupcijata.

    No, po se izgleda deka, vo Ministerstvoto za transport
    i vrski se uste rabotat “vnatresnite koruptivni sili”
    koi ste gi nasledile od predhodnata vlast i go
    zataskuvaat raspletot na nasiot predmet.

    Vo Vaseto ministerstvo zapletkani vo ova se:
    -Gosp. Kosta Pantev, vraboten kaj Vas;
    -Gosp. Sokolovski Ljubomir, od Vtoro-stepenata
    komisija na Vladata za gradeznistvo i urbanizam;
    -g-te Marga Peseva i
    -Cveta Kamilovska od Drzavniot inspektorat za
    gradeznistvo i urbanizam.

    Na gore navedenite sega im se pridruzuvaat, gosp.
    Srcev Sasko i g-ta Angelovska Zaklina, zatoa sto, ne
    najdoa podobnost da ni odgovorat na nasiot dopis nitu
    da ne prima pri naseto povekekratno odenje vo
    ministerstvoto i Drzavniot inspektorat, nitu da
    odgovorat na nasite telefonski javuvana.

    Se krijat.

    Za ovoj slucaj detalno e zapoznaen i Ministerot za
    pravda gosp.Manevski, uste vo vremeto koga bese
    prestavnik vo Drzavnata komisija za borba protiv
    korupcijata.

    Po ovoj predmet imame Presudi na Vrhovniot sud na R.M.
    vo nasa korist.

    Krivicni postapki se vodat pred Osnovniot sud Skopje
    2, po cl.377 st.2 od KZ na RM protiv:
    -Adzi Alimi Rakovoditel,i
    -Svetlana Marinovik od Ministerstvoto za transport i
    vrski, od Podracnata edinica “Cair”.

    Nie stanarite od ul. “M.Mitevski”br.6/6 i 7, barame,
    Vie,konecno da go prevzemete resavaneto na ovoj
    predmet
    koj datira od mesec mart 2003 god., so toa ke ja
    dokazete Vasata zelba za Evro-Atlanska integracija i
    ke zastanete na patot na korupcijata, kriminalot i
    “Urbanata mafija”.

    Za seto gore izneseno, spremni sme da Vi ja
    prezentirame kompletnata dokumentacija i pokraj toa
    sto istata ja ima kaj gospodinot Srcev Sasko.

    So licna pocit,

    Proevski Janko
    ul. “M.Mitevski” br. 6/6-3, Skopje
    tel. 075/653181

  61. писма

    Zdravo Janko!

    Sekojdnevno ja gledam tvojata emisija, mnogu mi se dopaga i mnogu sum ti blagodarna sto postojat takvi realni luge kako tebe sto ni ovozmozuvaat da si gi kazeme makite.
    Da nedolzam mnogo bidejki ti e gostin gospodinot Mile Janakievski ..a jas kako obicen smrtnik nemozam nikako da dojdam do gospodinot iako cela godina cekam na priem kaj nego!
    Imeno se raboti za t.n socijalni stanovi kade sto konkurirav i bev odbiena so obrazlozenie deka uslovite gi ispolnuvam no nema dovolen broj na stanovi za site..bidejki sive ovie 5-6 godini si go barav svoeto pravo doznav deka ima prazni stanovi (zboruvam za stanovite vo Butel) i deka nikoj ne zivee vo niv ,a jas sum bukvalno na ulica -samohrana majka so dva sina koja gi ispolnuva uslovite za da dobie eden od ovie prazni stanovi.
    Te molam prasaj go ministerot dali ke moze da me primi ili da mi objasni kade da se obratam ,veruvaj segde sum bila ,od ministerstvoto za transport ja prefrlaat topkata vo sizot za stanovanje a od tamu odam obratno..te molam kako Gospod pomogni mi prasaj go zosto sum veke pri kraj na sili!

    ODNAPRED SUM TI MNOGU BLAGODARNA
    SO OGROMNA POCIT

    STANOEVSKA LILA

  62. уште писма

    Sto se slucuva so predmetot za stanbeniot objekt na ul. Emil Zola, za koj vprocem i se sretnavme so nego i dostavivme dokumenti istovremeno dogovarajki se deka posle negovata konsultacija so sluzbite pak kje se sretneme kako bi dobile odgovor. Do povtorna sredba seuste ne e dojdeno, nitu pak do odgovor? Sto ponatamu? I vo ovaa institucija li ce ostaneme bez odgovor? Barame konkreten odgovor!

  63. Јанко

    J A N K O – Eve da ti pisam kako bi doznal edna vistina koja uporno se premolcuva,ke bidam opsiren i vo maski rod cuvajki go identitetot a ke pisam od ime na aptekarkite od GRADSKA APTEKA.Ova mora vaka bidejki nikoj ne ja kazuva pravata vistina a se zatoa sto nekoi koleski sto sakaa da prozborat dobija pretenje na domasna adresa po telefon. Veruvajki vo TEBE-izvini na privatnosta-ti ja pisuvame pravata vistina za sostojbata a ako sakas bidejki izgubivme verba vo se obznani go.Ona sto A1 objavi e del od vistinata.GRADSKA APTEKA se prodade za 13 milioni evra,34 lokala-apteki,plus direkcija,a i polna ko brod,ekspertite koi ja procenuvaa se zivi i zdravi i denes se prisatni vo javnosta.Da napomnam popatno da apteka Trgovski,11oktomvri,Partizanska so galenska laboratorija i direkcijata ko prostor vredat poveke. Toa da gos.Mehangjiski-alias ZEGIN bil izmamen ne drzi voda, toj resi da ne unisti ko konkurencija i so prodazba na objektite da profitira ili eventualna prenamena na istite.Toa e prviot cekor,godina dena kupcite ne ni ispratija lek asalno od pozitiva kako bi gi odbile graganite od nas,a ne napraviva kozmeticki i alternativni medicini prodavnici,ona za na pozitiva so recepti sto se izdava dodivavme po 2 do 10 kutii kade se stvori revolt kaj graganite kon nasite prodavnici i zatoa bea onie redovi i cekanj za lekovi.Za da stane dominanten sopstvenik 50%,sobra grupa na stari rabotnici koi imaa benificii prilikom kupuvanje na udelite so razni popusti da se zapisat kako kupuvaci i istite mu gi dadat nego,a toj im isplati nekoja crkavica a istite so site benificii toj gi otkupi,na tia koleski dobro im dojde po nekoe evro,odnosno od bez pari dobija pari,mada od nisto se dobiva nisto rekol nekoj mislitel,nemoze od nisto da se dobie nesto.Potoa sledese terorot so akciite kade bevme bukvalno prisileni da mu gi prodademe.Kakvi pretenja doziveavme da dade gospod da mu se vrati na familija-izvini ama zeni -.Posle se ova koleskite pocnaa da si odat koi vo drugi apteki koi ispolnuvaa uslovi u penzija.I ko posledno ke ne nosel u stecaj,a zasto da unisti brend koi 40 god.go gradel imeto i profesijonalnosta vo farmacijata.Eden tajkun koi uste od bivsata drzava so prevara go napravi kralsvoto i prodolzuva ponataka i sega.Dava i na edni i drugi i site go drzat ko stalen sponzor,iako mnogu go znaat ova molcat.Posledna rabota sto ja pravi e nedavanjeto plati,pod izgovor za nerentabilnost,a pravata vistina e da ne gi plati doprinosite na vrabotenite koi od den vo den se pomalku.Onie sto zaminaa vo penzija ni slucajno ne se nadevaat na otpremnina iako sleduva po zakon.Zatoa JANKO ova nase pisuvanje mozes da go prosledis do ANTIKORUPCISKA,TRUDOVA,pa i nekoj od vladasta neka se zapoznae so ova.Mada ovde trba da se zainteresira i gos.SVRGOVSKI i g-ca JANKULOVSKA.Se nadevam da ovie raboti ke doprat posiroko.VRABOTENI od GRATSKI APTEKI.

  64. Жителите на скопската населба Капиштец, на 18 септември 2007 година ја блокираа улицата „Васил Ѓоргов“ во знак на протест против изградбата на катната гаража со деловен објект спроти „Жито Лукс“ , зад кој стои АНТЕРА-ДООЕЛ, фирма ќерка на „Тинекс“, која на почетокот на месецов ја почна изградбата на петкатната гаража со деловен простор.
    Навестувајки дека протестите ке продолжат и дека ке бидат искористени сите правни и други лекови против изградбата на новиот кинески зид, го прашувам почитуваниуот министер Јанакиевски како е можно одобрение за градење да биде издадено во јули 2007 година (согласно ДУП Капиштец усвоен со Одлука на Совет на општина Центар???), кога парцелата е купена од страна на сопственикот на Тинекс уште во 2003, а маркица за градба е издадена уште во мај 2004 година. Значи одамана се пробиени и изминати сите рокови во кои инвеститорот требал да почне со реализиацијата на проектот на земјиштето , па ме интересира врз кои аргументи и законски претпоставки е направено менување на првично дефинираните услови, , бидејки со договорот била предвидена обврска инвеститорот да почне со градбата две години по склучувањето на договорот.
    Со оглед на одамна пробиените рокови, ресорното МИнистерство едноставно требало да ја одземе парцелата, а не да дозволи пренамена и изградба на катна гаража, деловен простор и слично.

  65. Јанко,дали може(пошто неколкупати не можеше,верувам случајно)да му се постави прашање на гостинот (Министерот)?Ако може:))зошто им е одземена концесијата на Ротико-Ротинце кога и на обичните лаици им е јасно дека тука не се работи за никаква опасност од загадување на изворот Рашче бидејќи во случајов не се работи за ископување или минирање како во каменоломите на кои исто така им е одземена концесијата,туку за исцрпување на минерална вода која ионака на луѓето им извира во самиот двор на куќата.Ротико како што можев и самиот да видам има целосна експертска анализа дека не се работи за никакво загадување и тоа изработена од компетентни луѓе вработени во министерството за животна средина,кои патем во никој случај не се сложуват со одлуката на министерството. Оваа фирма згора на се е и со американски капитал со што негативно се претставуваме пред странските инвеститори.Најтрагичен е фактот што од тука егзистираат дваесетина македонски фамилии кои ионака се се помалку во овие краеви. Дали оваа неправда може да се исправи бидејќи не се сомневам во транспарентноста на министерството и покрај можниот пропуст? Поздрав.

  66. Ви благодарам на сите што учествувавте во креирањето на концептот за формирање прашања за министерот, особено на оние кои поставуваа прашања кои се од општ интерес и кои опфаќаат повеќе граќани. Само анализата и овие прашања ќе одземат повеќе од 3 часа без директни јавувања. Оние пак кои побараа да решат некаков нивем личен проблем и случај од разбирливи причини ќе бидат оставени за крај или изоставени, бидеејќи и самите ќе кажете дека интересот на повеќемината го надминува интересот на неколкумина. Тоа не значи дека ќе бидат одбегнати, туку, едноставно ќе бидат оставени за крај, ако има време.
    Направив уште една анализа, емисијата според се би требала датрае 6-7 часа, но секако јас немам намера да го направам тоа, сепак акцентот ќе биде на работата, проблемите и актуелностите на министерството што и само по себе треба да опфати интересот на многумина.

  67. Еве уште еден занимлив податок,кој го прочитав утринава во еден дневен весник.Локалната власт во Тетово се спротиставила на изградбата на Национална библиотека во овој град.Иако имало владина одлука,плус обезбедени биле сите предуслови и услови за започнување на изградбата,од ДУИ се изјасниле дека на тоа место,според ДУП-от не била предвидена изградба на објект со таква намена.Какви се надлежностите на соодветното ресорно министерство при една ваква јазловна ситуација?Поздрав

  68. Друже што да правам кога имам доста работи што ме мачат и ми лежат на срце, па сакам да си прашам како млад граѓанин на оваа држава кој сака и го подржува напредокот и позитивното работење!
    Си ја сакам земјата и навистина сакам да успееме во позитивно подобрување на условите за живот и фукнционирање во неа!

    Ако другите несакаат да поставуваат прашања нивен проблем….

    жалосно е што многу од младите воопшто не се замараат за татковината, туку само мислат како да му ја здуваат надвор!
    Што е со исклучоците? И ние ли треба да се претопиме со масата? God damn it!

    поздрав

    peace out!

  69. јанко те молам прасај го министерот кога и дали ке се реконструира коцката на дрво декор и тие трафиките од левата страна на вардар

  70. јанко ако мозеш прашај го премиерот дали ке се прави патот кој беше планиран пред многу години во зданец зимно време се одделени од светот лугето таму кога врне снег фала и голем поздрав

  71. Прашај кој ке сноси одговорност за скандалозното продадено (дадено) земјиште позади Рамстор, и кога конечно ке си даде оставка

  72. Јанко јас би бил краток и јасен . Ме интересира што ќе се направи со ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ, секако и со сите други плажи во државава. Оваа година министерството превзема одредени чекори кои се за големо поздравување, меѓутоа дали и со каков интензитет ќе продолжи тоа во наредните години. Охрид (а зошто не и другите турисатички дестинации) имат многу поголем потенцијал и можат да се направат уште многу работи во интерес на туризмот. Како пример ќе ја посочам една Бугарија која за волја на вистината нема некое прекрасно море и никој таму не оди за морето, но затоа пак има прекрасно исградени огромни плажи, голем број на уникатни барови на плажите , многу, многу забавни активности. Имаат водени паркови кои што ги молзат парите на туристите, дали се планира такво нешто кај нас да се изгради? Од сето ова очигледна корист ќе имаат туристичките места , а секако и целата држава.

  73. 1. Кои тендери се во план да бидат објавени или во кој сектор се планира да се објават?
    2. Зошто нашите градоначалници не ги прават и прошируваат градските улици кои се најпрометни во градот?
    3. Дали Градоначалникот на град Скопје има доволно пари за да ги обнови музејските раскопани градски улици? Доколку нема зошто нема и кој ќе ги направи тие улици?
    4. До кога се планира Аеродромот да се реновира и да се претвори во вистински Европски Аеродром?
    5. Како може да се добие велосипедска патека или видо изменет тротоар наменет за велосипедистите по сите тротоари, а не да се вози по улиците?
    6. До кога продавниците ќе ги окупираат тротоарите со своите излози и производи? Сите тротоари личат на пазар?
    7. Зошто имаме посебно во Кисела Вода куќа, па зграда, па куќа претпоставувам дека немате план и одговорот ќе биде дека тоа зависи од инвеститорите и сопствениците, но сепак јас би рекол дека тоа изгледа грдо и треба да се преземе нешто за да заличиме на некаков си главен град? Ако ви се врзани рацете тоа значи дека немате идеи и капацитет да се справите со ликот на градот вие заедно со градоначалниците во пакет?
    8. Зошто не привлекувате повеќе странски инвеститори да инвестираат во нашава држава во инфраструктурата и како тоа вие ќе ги подржите во тоа и што нудите како гаранција дека нема да се појават проблеми како веќе видените?

  74. Каков ќе биде начинот на плицирање и распределба на ЦЕМТ и Поединечни дозволи. Дали ќе биде исто како лани или ќе има нов начин?

  75. јанко емисијата тие као да живеам во северна кореја.гола пропаганда колку пораки не пусти

  76. А бе Јанко поголема лигавица нема од тебе.Го надмина и Латас се лигушиш тука цело време.Тешки сероња си

  77. Брат,жими тебе.Те молам замоли го министерот,поподробно да ја објасни таа одлука за ненамалување на ДДВ-то за мрежните услуги?Нели цените на Интернетот би паднале уште повеќе,ако се намали односното ДДВ?Ова не засега огромна бројка млади.Ко господ го молам министерот за конкретен одговор!

  78. Бла бла бла да беше само Шекерко штетник ке беше добро а не спомнуваш дела Тв Боем има кабелска на диво!!
    Кој е поголем штетник ?

  79. Продажа картин, картины современных художников, продажа картин в интернете, продать картину, купить картину, продажа живописи и других произведений искусства – Луганская Арт Галерея…

    [...]» Министер Миле Јанакиевски ЈАДИ БУРЕК[...]…

  80. michigancarinsurance.info…

    An interesting post over at……

  81. michigancarinsurance.info…

    I was reading a very interesting post yester……

  82. click here…

    [...]here are some links to sites that we link to because we think they are worth visiting[...]…

Leave a Reply

You must be logged in to post a comment.